Овие модули се однесуваат на побрза и поефикасна контрола на магациските документи директно во магацините. Се работи со мобилен уред кој преку безжична мрежа е поврзан со серверот. Овие функционалности овозможуваат:
Апликацијата се состои од следниве функционалности:
• Проверка на приемници во магацинот
- Превеземање на постоечка приемница од комерцијалното решение и проверка на артиклите кои реално се наоѓаат во магацините. Проверката е преку баркод читач или пребарување на артиклот поред име. Се проверуваат како артиклите така и нивните реални количини. Модулот дава повратна информација во приемницата за разликите во артиклите и количините проверени реално во магацинот.
- Правење на нова приемница директно преку мобилната апликација во магацинот. Артиклите се внесуваат преку баркод читач или избор преку име. Спремната приемница директно е внесена во системот.
- Печатење на етикети со баркод, за артиклите кои немаат ссостевни баркод. Печатењето може да биде од мобилната аплиакција на мобилен принтер или преку Фобос на обичен ласерски принтер.
• Проверка на групна испратница за сите нарачки од еден ден
- Превеземање на групен документ кој ги содржи артиклите и вкупните количини од сите нарачки за сите купувачи за тој ден. Проверка на количините и артиклите. На овој начин многу побрзо се изнесува вкупната роба од магацинот која треба да се испорача во тековниот ден.
• Проверка на нарачките од купувачите и генерирање на испратници
- Превеземање на нарачката направена во системот и реална проверка на артиклите и нивните количини. Директно печатење на испратница и фактура. Намалување на грешките во испораките кон клиентите.
• Модул за правење на брзи пописи во магацините
- Брз и едноставен систем за директно правење на пописи во магацините. Преку брз избор на артиклот со баркод читач и внесување на количините автоматски се генерира попис во системот за соодветен магацин.
ПЛАНЕТ ИНТЕРАКТИВ © 2012